Стефковски: Над 3000 семејства ќе добијат финансиска помош од општина Гази Баба

 
Градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски преку својот Фејсбук ги информираше граѓаните дека на вчерашната седница на Советот, на предлог на градоначалникот е донесена одлука за доделување на директна финансиска помош за над 3000 семејства на територија на општина Гази Баба.
 
„Добра вест за жителите на Гази Баба: Над 3000 семејства ќе добијат директна финансиска помош од општината. До Советот на општина Гази Баба предложив Одлука за исплата на финансиски средства како парична помош за загрозени граѓани погодени од енергетската и финансиската криза. И на вчерашната седница, Советот ја донесе оваа одлука. Во овие тешки времиња кога инфлацијата секојдневно расте, сметките за електрична енергија се двојно зголемени, а нашиот народ е на работ на егзистенцијата, без двоумење направив реорганизација на општинската каса и преку ребаланс на буџетот, определив 4.000.000 денари“, напиша градоначалникот.
 
Со оваа одлука се предвидува:
 
Субвенционирање на дел од трошоците за потрошената електрична енергија за социјално ранливи категории на граѓани; и Надомест за пензионери со ниски примања.
„Ова е прв пат во историјата на постоењето на општина Гази Баба, општината да исплаќа директна финансиска помош на граѓаните во време на криза“, напиша Стефковски

29.10.2022 - 11:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега