Исклучувања: Утре без струја по неколку часа ќе бидат три скопски општини

 

Без електрична енергија утре неколку часа ќе бидат корисниците во делови од општините Ѓорче Петров, Карпош и Сарај, соопшти РЦУК.

Од 9 до 15 часот без струја ќе бидат корисниците во населеното место Блага Вода, Стопански Двор во општината Ѓорче Петров, а од 9 до 14 часот корисниците од с.Горно Нерези и с.Крушопек во општините Карпош и Сарај.

Причина за прекинот на снабдувањето со струја, како што посочуваат од РЦУК, се планирани технички интервенции во електро дистрибутивната мрежа на ЕВН Македонија.

25.10.2022 - 10:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа