Водата во Скопје безбедна и квалитетна за пиење

 

Водата во Скопје е безбедна и квалитна за пиење, покажува неделниот извештај на ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје.

Секторот за санитарна контрола во периодот од 17.10.2022 до 21.10.2022 зема 198 примероци за физичко-хемиска и 198 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 48 мерни места во град Скопје.

„Согласно добиените резултати од испитувањата, сите примероци одговараат на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење“, информираат денеска од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје. 

25.10.2022 - 09:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа