Нова фонтана ќе го краси плоштадот Македонија

 

Нова фонтана прскалка ќе никне на плоштадот „Македонија". За 2,4 милиони евра фонтаната ќе ја гради компанијата „Трансмет“ која за време на  втората електронска аукција даде најдобра цена и ја доби работата.

Таткото на Град Скопје, Коце Трајановски, изјави дека е задоволен од понудата на компанијата.

Фонтаната ќе има форма на коцка со страни од по 15 метри како и 128 прскалки кои ќе излегуваат од плочите на плоштадот, а гранитните плочки ќе се извадат и ќе се заменат со нови погодни за фонтаната.

Се очекува фонтаната да биде готова до месец мај.

03.12.2013 - 09:56
Фото: 
Дневник

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега