Лице со посебни потреби вработено во одделот за финансии во Општина Центар

 

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски соопшти дека во Општината деновиве е вработено лице со посебни потреби. Имено, се работи за дипломираниот економист Бојан Тодорчевски, кој ќе работи во одделот за финансии во Општината. Герасимовски ја истакна инклузивноста како неопходен процес во секоја институција. 

-Општина Центар води сметка за сите свои сограѓани. Деновиве Бојан Тодорчевски, лице со посебни потреби е вработено во одделот за финансии во општината. Како дипломиран економист Тодорчевски ќе придонесува во осмислувањето и планирањето на општинскиот буџет. Инклузивноста е процес кој треба да биде интегриран во секоја институција. Така градиме општество без предрасуди и општество кое се темели на еднаквост, слобода и правда - напиша Герасимовски на официјалната Фејсбук страница.

15.10.2022 - 13:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега