На 9 дена пред стартот на грејната сезона се уште не се знае како ќе се грее Скопје
На 9 дена пред првиот проектиран датум за старт на грејната сезона, Владата без информации за тоа дали и од каде ќе набави енергенси за греење на Скопје, пишува Телма.
Како што јавува телевизијата, нема одговор ниту до каде е договорот со ТЕ-ТО, приватен капацитет врз кој Владата гради најголем дел од планот за греење на Скопје зимава имајќи предвид дека властите очекуваат токму оваа централа да произведе околу 70% од топлинската енергија.
ЕСМ се согласи да го преземе парното греење, откако БЕГ ги загуби трите лиценци. За да може да ја врши работата на Балкан Енерџи , државните електрани формираа и три компании, за снабдување, дистрибуција и производство.
Согласно законот, парното во Скопје треба да почне да се загрева на 1 октомври доколку надворешните температури бидат ниски. Во зависност од потребата за греење, грејната сезона не може да почне подоцна од 15 октомври
Проблем има и со сопственоста на топланите кои лани ги купи компаниајта Адора. За преговорите прочитајте тука
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа