Директорот на Градски паркинг: Аросвска уште не ми ја прифатила оставката - вработените се оставени сами на себе

 
Директорот на Градски Паркинг во оставка, Бојан Христовски на социјалните мрежи апелраше до градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска да му ја прифати оставката. 
 
„Помина цела недела откако јавно објавив, но и формално до архивата на Градот доставив неотповиклива оставка.
Веднаш потоа градоначалничката Арсовска на нејзината фејсбук-страница објави дека оставките се “принудни” (без разлика дали е така), што укажува дека била/е спремна за кадрови промени.
Но, реалноста е друга, од Градот се’ уште нема никаков одговор. Претпријатието и вработените се оставени сами на себе.
Алармирам до градската администрација да си постапи во согласност со законот, да ја прифати мојата неотповиклива оставка и да назначи нов директор. Работата во претпријатието мора да продолжи без одлагање. Тековните активности и новитети не смеат да запрат без разлика на несогласувања и политички комбинаторики.
Вработените и граѓаните се на прво место!
Уште еднаш сакам јавно да се заблагодарам на сите вработени во ЈП Градски паркинг, како и сите поддржувачи на мојата досегашна работа во претпријатието.“ - напиша Христовски
21.09.2022 - 10:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега