Општина Аеродром доделува стипендии за ученици од социјално ранливи категории
Општина Аеродром објави јавен повик на кој ученици од социјално загрозени семејства и со статус на деца без родители ќе имаат можност да добијат целосно покриени трошоци за студирање на Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје.
Согласно јавниот повик, предвидено е да се доделат стипендии на ученици кои ќе се стекнат со високо образование, почнувајќи од академската 2022/23 година, за четиригодишни студии.
Рокот за пријавување е до 23 септември (петок), а право за аплицирање имаат сите дипломирани средношколци кои завршиле средно образование и кои се жители на Општина Аеродром и државјани на Македонија.
„Градиме силна и просперитетна општина. Младите се иднината на Аеродром и ние континуирано ја докажуваме посветеноста за инвестиции во нивното образование. Останатите детални информации околу постапката за аплицирање и сите потребни документи граѓаните можат да ги најдат на линкот“, соопштија од Општина Аеродром.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа