Арсовска отпушта 100 вработени во Водовод

 

Околу 100 вработени во ЈП Водовод остануваат на улица, затоа што градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска не сака да им ги продолжи договорите кои им истекуваат утре – јави Курир.

Ваквата одлука на Арсовска, доаѓа откако таа го разреши директорот на ЈП Водовод од ВМРО-ДПМНЕ, Златко Перински затоа што не постапил по нејзиното барање да влијае на тендерот од над сто милиони евра за изградба на пречистителна станица во Скопје.

Станицата е финансирана со европски пари, па вчера Перински доби поддршка од Европската Инвестициска Банка.

15.09.2022 - 10:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега