Град Скопје: Никој му дозволил да вози таму - ќе си ја плати штетата и плус дебела казна
Повторно камион пропадна во фонтаната на скопскиот Плоштад Макадонија, откако утрово при активности за поставување бина и шатори за фестивалот на пивото „Пиволенд“ кој го организира Град Скопје едно од товарните возила сп опрема пропадна и фонтаната сега повторно е тешко оштетена.
„Приватен субјект со возило камион без дозвола неовластено влегол на плоштадот Македонија, по што е причинета штета на плочникот. Градот Скопје остро го осудува овој чин, ќе ги преземе сите законски мерки за извршување на инспекциски надзор како и за санкционирање, по што за причинетата штета врз јавните добра на плоштадот ќе се бара надомест на штета. Ваквото однесување од страна на поединци е недозволиво и за истото ќе се спроведат најстроги санкции“, соопшти Град Скопје.
Ова е третпат да пропаѓа камион на Плоштад. Во 2017 пропадна камион додека се подготвуваше пречек на ракометарите на Вардар по освоената шампионска титула.
Минатата 2021 година во март пропадна камион за чистење на плочникот на Комунална хигиена. После тоа, плочникот на фонтаната со месеци стоеше отврорен и заграден со лента за да не минуваат пешаци.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа