ФОТО: Пак пропадна камион во фонтаната на плоштадот во Скопје
Пак пропадна камион во фонтаната на Плоштадот Макадонија во Скопје. Од утрово, на Плоштадот се поставува бина и шатори за фестивалот на пивото „Пиволенд“ кој го организира Град Скопје. Еден од камионите кој носеше опрема пропадна и фонтаната сега повторно е искршена и оштетена.
Ова е трето возило кое пропаѓа во фонтаната. ПРетходно пропадна еден камион кој работеше на прославата за ракометарите на Вардар кои станаа европски шампиони. Потоа, пропадна и една машина за чистење.
Останува нејасно што е со заштината ограда која еден период беше поставена за да ја штити оваа фонтана.
Во буџетот на градот треба да стои ставка - годишна поправка на глупа фонтана на плоштад од редовни оштетувања - 200.000 евра pic.twitter.com/IKwCiTjwID
— Nikola Naumeaux (@NikolaNaumeaux) August 30, 2022
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа