Арсовска: По три децении започнуваме со целосна реконструкција на улицата „Славка Динкова“ во Драчево
Градот Скопје денеска ја започна реконструкцијата на улица „Славка Динкова“ во населба Драчево во општината Кисела Вода. На отпочнувањето на градежните работи присуствуваа градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска и градоначалникот на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски.
Со овој проект покрај целосна реконструкција на улицата, во вкупна должина од 1.175 метри едновремено се врши за прв пат и изградба на атмосферска канализација.
- Станува збор за една од поважните сообраќајници во ова населено место, која не е реконструирана повеќе од 30 години, а воедно за првпат ќе се изгради атмосферска канализација. Со овој проект значително се подобрува инфраструктурата за граѓаните, се олеснува движењето и пристапноста за повеќе од 30.000 граѓани кои секојдневни транзитираат по улицата Славка Динкова. Со реализацијата на овој проект се решава и деценискиот проблем со атмосферските води – кажа градоначалничката Арсовска.
24.08.2022 - 13:06
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа