Доделини 58 ваучери за новороденчиња во Кисела Вода
Градоначалникот на Општина Кисела Вода Билјана Беличанец – Алексиќ, денеска на 58 семејства општината кои имаат принова им врачи ваучери за еднократна парична помош.
- Ова говори дека нашата цел, полека но сигурно се исполнува. Тоа е да ги стимулираме семејствата сериозно да размислуваат и да се одлучат за зголемување на бројот на дечиња, но истовремено и да им помогнеме на овие семејствата со скромни средства кои сигурно им се и повеќе од потребни, рече градоначалникот Беличанец – Алексиќ.
Досега во Кисела Вода се доделени 217 ваучери.
30.11.2013 - 11:54
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа