Се огласи Антониа Гиговска откако го откажа учеството на музичкиот настан на плоштадот Скендербег

 

Откако Владата ја објави рекламата дека на Мировниот фестивал, ќе пее Антониа Гиговска, денеска младата пејачка го откажа своето учество. 

Имено, таа нема да настапи на музичкиот спектакал кој ќе се одржи на плоштадот „Скендербег“, по повод 21-годишнината од потпишувањето на Рамковниот договор, а за истото се огласи и на својот профил на Инстаграм.

„За мене е одговорен менаџерски тим кој прифати ангажман за кој нту јас, ниту тие занеле дека има или би имало политичка конотација. Па оттаму, бев приморана да го откажам мојот ангажман, се разбира со секоја почит према организаторот и према било која политичка страна“ - вака Антониа го започна своето излагање, а потоа додека дека не сака да биде дел од манифестација поврзана со политика:

„Јас не сакам да бидам дел од манифестација поврзана со политика, ниту некогаш ќе бидам. Мојата работа е да правам музика и на фановите да им го дадам најдоброто од мене. Во почит, Ваша Антониа“, наведе младата пејачка на социјалната мрежа Инстаграм.

 

11.08.2022 - 18:25
Фото: 
Принтскрин Инстаграм/ @antoniagigovskaa

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега