Ким Кардашјан и Пит Дејвидсон не се веќе во љубовна врска
Се чини дека деветмесечната романса на Ким Кардашјан и Пит Дејвидсон заврши, барем спооред некои таблоиди, кои цитираат анонимен извор.
Во изјава за „Пејџ сикс“ инсајдер тврди дека се разделиле минатата недела.
„Ким и Пит одлучија да бидат само пријатели. Тие имаат многу љубов и почит еден за друг, но открија дека големото растојание и нивните распореди на работните обврски направија навистина да е тешко да се одржи врската“.
Пит голем дел од своето време го поминува во Австралија работејќи на филм, а 41-годишната мајка на четири деца ги усогласува своите бизниси и заедничкото родителство со поранешниот сопруг Канје Вест во Лос Анџелес.
„Пејџ сикс“ цитирајќи друг извор рече дека разделбата нема никаква врска со Канје и дека бракоразводната постапка продолжува.
„Тие се фокусираат на заедничкото родителство“, вели инсајдерот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа