Претставникот на Израел ѝ го зема микрофонот на хрватската пејачка, бакна момче и удри виолинист (ВИДЕО)
Уште еден момент од отворањето на Евровизија привлече внимание. Имено, претставничката на Хрватска, Миа Димшиќ, само што даде интервју и на барање на новинарите ја отпеа својата омилена евровизиска песна од претходните години. Тогаш ѝ пришол израелскиот претставник Мајкл Бен Дејвид и ѝ го грабнал микрофонот од раце.
– Дај ми го микрофонот! – извикал тој, а овој негов потег на социјалните мрежи, особено на Редит, предизвика лавина од коментари.
По овој настан, Дејвид ѝ рекол на Миа да замине бидејќи „ова е негов момент“, но тој набргу почнал да се смее и да ја прегрнува. „Шега, шега“, викал израелскиот претставник.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа