Знаете ли како се вика трагедија на италијански?

 

Шпанска „Марка“ ја опиша италијанската елиминација од баражот за пласман на Мундјалот во Катар на уникатен начин и го пофали македонскиот напаѓач Александар Трајковски.

Трајковски го постигна решавачкиот гол во 92. минута од мечот во Палермо, каде што претходно настапуваше за италијанскиот клуб дури четири години.

„Трагедија на италијански се нарекува - Трајковски“, пишува шпанскиот медум и потсети дека македонскиот фудбалер по вторпат ги елиминира Италијанците.

Трајковски беше кошмар за Италијанците и во 2017 година, кога во баражот му даде гол на европскиот шампион за реми и така го остави без шанси за првото место во групата.

25.03.2022 - 19:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега