Парис поубава од кога и да е, најмладиот син не сме го виделе со години: Вака денес изгледаат децата на Мајкл Џексон
Бродвејскиот мјузикл посветена кралот на поп музиката – Мајкл Џексон, не ги собрал само „обичните“ Американци туку таму се појавиле и неговите деца за кои денес не се знае многу.
Во театарот Нил Сајмон приредено било ново бродвејско шоу за популарниот и контроверзен уметник Мајкл Џексон.
Мјузиклот со име „MJ: Мusical “ посветен на Мајкл Џексон го одглумил Мајлс Фрост.
На овој спектакл се појавиле и трите деца на Мајкл Џексон – Парис, Принц и Принц Мајкл II попознат по прекарот Биги.
Биги Џексон не се појавува во јавноста веќе со години, а ова е првпат по долго време да го видиме јавно. Пред тоа се појавил само во емисијата „Добро утро Британијо“, минатата есен кога зборувал за климатските промени.
Парис и Принц прошетале на црвениот тепих пред шоуто, а своите места ги зазеле кога светлата се изгасиле и тоа во друштво на нивниот најмлад брат Биги.
Во текот на овој мјузикл, Парис плачела во публиката, а особено емотивен момент бил кога главата ја потпрела на рамениците од својот брат.
Од театарот излегла со своите браќа пред светлата да се вклучат, а завесата да се спушти, не чекајќи го ракоплескањето на крајот.
Да ве потсетиме, Принц и Парис се децата кои Мајкл ги добил со медицинската сестра Деби Роу, својата втора сопруга. Биги го родила сурогат мајка. Сите три ги одгледувал на ранч.
Биги во јавноста е познат на многу чуден начин. Кога имал само 9 месеци татко му го покажал на собраните луѓе пред терасата од хотелот во Берлин во кој престојувал, а на фотографијата се гледа како со едната рака го држи бебето, а со другата мавта.
Парис родена во 1998 година, а оттогаш е во центар на вниманието на светската јавност поради татковата слава. Кога тој починал, таа имала 11 години, а мајката Деби ја запознала кога имала 13 години и тврди дека денес имаат квалитетен однос.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа