Поради растот на случаи на зараза Кина затвора град со 13 милиони жители пред ЗОИ

 

Кина ги удвојува напорите за контрола на новата епидемија од Ковид-19 со затворање на градот Сијан каде живеат 13 милиони луѓе, откако нагло се зголеми бројот на заразени.

Кина презеде акција неколку недели пред почетокот на Зимските олимписки игри во Пекинг, кои се на околу 1.000 километри од Ксиан, на североисток.

Нема податоци дали станува збор за нов вид на омикрон или почеста варијанта на делта вирусот.

Кина досега објави седум случаи на зараза со вирусот Омикрон, четири во Гуангжоу и три во Тианџин.

Во Сијан регистрирани се 63 случаи, со што вкупниот број на заразени во тој град достигна 211.

Мерките за затворање на населението стапија на сила во средата на полноќ.

На по еден човек од секое домаќинство ќе му биде дозволено да оди на шопинг на секои два дена.

Зимските олимписки игри ќе се одржат од 4 до 20-ти февруари во Пекинг.

23.12.2021 - 18:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега