„Додека ја прележувавме короната дознавме“ - сопругата на Богдан Илиевски соопшти прекрасна вест
Македонската водителка Аастасија Деа Богданоска и нејзиниот сопруг Богдан Илиевски, во јавноста познат и како Бетмен велит, очекуваат принова во семејството, а убавата вест на социјалните мрежи ја соопшти Анастасија.
„Дениција беше најумното бебе а сега веќе малечко девојче, па затоа желбата и' е исполнета. Ќе си добие "бато".
Да бидам искрена на крај од 2020 кога сето ова со пандемијата беше ново, единствено нешто што си посакав беше да сме живи, здрави, на број или побројни.
И додека ја прележувавме короната дознавме дека повторно ќе станеме родители. А Дениција ќе стане голема дада.
Нашето мало девојче - голема дада.
И тоа најумна, најнежна и најгрижлива.
На сето ова, времето со втора бременост и 17 месечно девојченце лета како лудо.
Не знам веќе кој побрзо расте. Јас, Дениција или бебуш“, напиша таа на Инстаграм.
View this post on Instagram
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа