Том Харди прогласен за најсексапилен актер во Велика Британија

 

Британскиот актер Том Харди (44) е еден од најсексапилните мажи во Велика Британија. Сопруг, но и галантен, Харди е миленик на жените ширум светот. Неговиот беспрекорен изглед и шармот на фановите го соборија од нозе, па не е ни чудо што е избран за титулата најатрактивен. На второ место е актерот Даниел Крег (53).


Имено, во анкетата на британскиот весник The Sun, припадничките на понежниот пол би можеле да гласаат за „најсекси маж во Велика Британија“. А најмногу од своите гласови му ги дадоа на Харди кој го освои првото место.

После него на скалата се најде и последниот Џејмс Бонд, актерот Даниел Крег.

На третото место е актерот Том Холанд (25), кој го отелотвори добро познатиот Спајдермен.


Верувале или не, Сер Том Џонс се најде на четвртото место. Оваа „секс бомба“ еднаш тврдеше дека годишно спиел со 250 жени кога бил на врвот на славата. На 81 година и тој вели дека секој ден виси наопаку по 2 минути и се вика инверзивна терапија и тоа го прави витален.

На петто место е актерот Хенри Кавил, потоа пејачот Роби Вилијамс, седми е Том Хидлстон, па осми Марк Рајт, Дени Даер, потоа Хари Стајлс на десеттото место, потоа Џоел Домет, Шне Бин, Ричард Маден, Џек Гралиш, Гетин Џонс, Џовани Пернис, Бен Шепард, Луис Хамилтон, Гордон Ремзи и Гери Барлоу.

Да потсетиме, Харди неодамна изјави дека повеќе не планира да глуми во филмови по улогата на американскиот мафијашки бос со италијанско потекло Ал Капоне, бидејќи, како што вели, се чувствува уморен и сака да се посвети на пишување сценарија.


Се чувствувал исцрпено, не само на физички, туку и на емотивен план, бидејќи му недостасува семејството. Зад него е главната улога во серијата „Табу“ како и сценариото за неа кое самостојно го напиша.

19.12.2021 - 13:48

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега