Скопска директорка бара хороскоп одговори: Дали ќе добијам уште еден мандат?

 

Ѕвездите ја знаат целата вистина. Веројатно вака мислела директорката на Основното училиште Аврам Писевски во скопското село Бардовци, Матилда Бајкова.

По промената на локалната власт во нејзината општина Карпош сега се што ја интересира е дали ќе остане директор уште еден мандат, па решила да побара токму ѕвездите да и ја одредат судбината.
На социјалните мрежи на видео кај балкански астролог културно си прашала дали ќе добие нов мандат. Одговорот побарајте го сами во ова видео, иако веројатно во овој случај ништо не зависи од хороскопот туку од градоначалникот на општината кој ги назначува директорите.

Инаку директорката Матилда Бајкова според она што може да се најде на интеенет е навистина добар наставник а пред 4 години била прогласена и за просветен работник на годината. Веројатно тогаш, ѕвездите и биле најдобро наредени. 

 

14.12.2021 - 10:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега