Во тунелот Мармарај се одржa масовна венчавка
Во железничкиот тунел Мармарај под Босфорот вчера поминаа четириесет и осум невести и младоженци на голема свадбена церемонија.
Паровите се качиле во метрото под Босфорот и стигнаа со него до азискиот дел на Истанбул во квартот Јускјудар, од каде со ретро автомобили се упатија кон локален хотел, највисоката зграда во Истанбул.
Во истанбулската општина вакви масовни свадбени церемонии се организираат секоја година, и во неа се венчаваат парови кои сакаат да склучат брак, но немаат финансиски средства.
Досега на овој начин во брак стапи 800 двојки.
17.11.2013 - 12:37
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа