Одговорноста за убиството на двајца приврзаници на „Златна зора“ ја презеде непозната група

 

Одговорноста за нападот, во кој беа убиени двајца приврзаници на грчката неонацистичка партија „Златна зора“ ја презеде непознатата група „Револуционерни сили на борбениот народ“.

Тие соопштија дека нападот го извршиле како одмазда за убиството на раперот антифашист Павлос Фисас кое го изврши „Златна зора“.

 

Засега полицијата неможе да ја потврди автентичноста на декларацијата, објавена во пресрет на планираните митинзи по повод 40-годишнината од крвавиот студентски бунт против воената хунта, која во тоа време управуваше со Грција.

17.11.2013 - 11:48

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега