Грција со предлог за реализирање на структурни реформи

 

Грчкиот министер за финансии Јанис Стурнарас, изјави дека на кредиторите им предложиле план за реализирање структурни реформи за 1,3 милијарди евра за финансирање на недостигот на средства во државниот буџет во 2014 година.

Според него за затворање на „дупката“ во финансиите за 2014 година на „тројката“ меѓународни кредитори биле предложени мерки од структурен карактер, соодветни на 0,7 проценти од БДП или 1,3 милијарди евра.

Овие мерки се поврзани со решавање на проблемот со  собирање средства за пензиско осигурување, скратување на расходите на државните претпријатија.

 

Покрај другото Стурнарас изјави дека во моментов Грција нема итни потреби од ново финансирање.

16.11.2013 - 14:53

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега