ФОТО: Фотографијата која го трогна светот - девојка прегрна бугарски полицаец кој ги штител студентите
За време на анти-владините протести на студентите, пред собранието во Р.Бугарија, беше направена фотографија која го опколи целиот свет.
На неа Деси Николова, зграпчува еден од полицаиците за рамена, откако го видела како ги штити студенти кои биле тепани.
„Тој имаше малку крв на носот. Го видов како ги заштитува луѓето и се обидуваше да ја спречи полицијата да ги тепа студентите, во тој момент почнав да плачам , ми пријде и ми одговори: „Издржи, се ќе биде во ред“. И неговите очи беа насолзени“, изјавила оваа девојка.
Најголемиот протест се случи на 12 ноември, а тие и понатаму продолжуваат. Според некои медиуми дел од полицајците ги подржале студентите ги извадиле своите кациги и ги спуштиле штитовите.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа