Шест држави ја сакаат организацијата на ЕП во 2025
Шест држави поднеле кандидатури за организација на Европското првенство во кошарка кое ќе се одржи во 2025 година.
Европското во 2025 година ќе биде 42. по ред, а ќе биде организирано во четири држави. Кандидатури поднеле Кипар, Финска, Унгарија, Летонија, Русија и Украина.
Унгарија, Летонија, Русија и Украина поднеле кандидатура за организација на натпреварите во фазата по групи и за самата завршница, додека кандидатурите на Кипар и Финска се однесуваат само на натпреварите во групната фаза.
ФИБА организацијата на ЕП во 2025 година ќе ја додели наредната пролет.
Макфакс
21.09.2021 - 10:41
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа