Шест натпревари му беа потребни на Мурињо да се запише во историјата на Рома
Шест натпревари му беа доволни на Жозе Мурињо да влезе во историјата на Рома. „Волчицата“ синоќа убедливо го порази тимот на ЦСКА од Софија (5:1) во првото коло во Конференциската лига.
Триумфот над бугарскиот тим беше шести за Рома и Мурињо од почетокот на сезоната во исто толку натпревари.
Трета пат во историјата, клубот основан во 1927 година, има максимален број победи по шест одиграни меча во сезоната. Пред Мурињо, тоа два пати му успеа на Руди Гарсија во сезоните 2013/2014 и 2014/2015.
Мурињо ќе има можност да стане апсолутен рекордер в недела кога Рома во Серија А ќе гостува кај Верона.
Макфакс
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа