"Ти си виновна што немам среќа во љубовта" - млада девојка убила старица

 

Овој викенд се случил вистински хорор во Задар кога млада девојка брутално усмртила старица бидејќи сметала дека таа е причината што нема среќа во љубовта. 

33-годишна девојка во неделата навечер ја убила 85-годишната Милка Томиќ, откако ја удрила со камен по главата, бидејќи верувала дека поради неа нема среќа во љубовта.

 Девојката добро ја познававме. Таа беше врсничка со мојот внук, но тој по средното училиште се вработи, а таа продолжи со школувањето, изјавила една локална жителка за Јутарњи лист.    

Безживотното тело на старицата го пронашол нејзиниот син кога отишол да ја посети.

14.11.2013 - 12:19

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега