Ибрахимовиќ ќе добие поштенска марка
На 27 март идната година во продажба ќе биде пуштена марка со ликот на фудбалерот на „Париз Сен Жермен“, Златан Ибрахимовиќ. , соопштија денеска шведските пошти.
Фудбалерот Златен Ибрахимовиќ се наоѓа на поширокиот список на кандидати за наградата „Златна топка“, која Светската фудбалска федерација му ја доделува на најдобриот играч во годината.
Шведскиот репрезентативец, исто така, конкурира и за наградата „Ференц Пушкаш“ за најдобар гол во сезоната.
- Главно добивам сметки и марките на нив не се многу убави, можеби сега ќе биде поинаку, се пошегува Ибрахимовиќ.
Тој во досегашниот дел од сезоната одигра 15 натпревари и постигна 14 голови. Дресот на националниот тим на Шведска го носел 94 пати, постигнувајќи 46 гола.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа