Жестока војна: Грците ја држат Македонија под окупација

 

Веќе неколку месеци, Грција целосно ја држи под окупација Вардарска Македонија. Се разбира, не станува збор за реалност туку за најпопуларната онлајн игра, еРепублик, во која се симулра виртуелна држава. Секој кој ќе си направи акаунт, всушност ќе контролира по еден граѓанин во својата држава. Само што ќе се регистрирате на овој линк овде, веднаш добивате македонски пасош и станувате горд член на македонската Фаланга.  Ќе може да избирате и да бидете избиран на претседателеските и параламентарните избори кои се случуваат по еднаш во секој месец. Ќе може да развивете приватен бизнис или пак да бидете војник во државната армија. И најважно.. ќе може да се дружите со македонската еРепублик заедница, која во моментов брои околу 5.000 гејмери.

Ситуацијата и таму не е многу различна од онаа во реалниот живот. Главни непријатели ни се Грците, кои постојано не негираат, а во моментов ја држат под окупација целата територија на Вардарска Македонија. еМакедонија своевремено беше вистинска гејмерска сила. еМакедонската империја се протегаше на три континенти и управуваше со териториите на десетина држави. Но работите се сменија. Државите кои имаат повеќе жители во реалниот живот направија кампањи и привлекоа голем број играчи. Грците станаа моќни и целосно ја окупираа еМакедонија. Затоа ни треба свежа крв. Ни требаат нови сили за да се ослободиме и повторно да ги ставиме териториите на Егејска Македонија под наша власт. 

Ако сте љубител на политичко-воени страегии, тогаш ова е играта која со денови ќе ве држи пред компјутерот. На макеоднската виртуелна држава и се потребни нови граѓани, кои подоцна би израснале во врвни војници, страв и трепет за сите непријателски војски. Доколку имате по околу половина час слободно време во денот и сакате да се дружите и забавувате, направете си акаунт на овој линк и помогнете и на еМакедонија во намерата да владее со светот.

 

04.10.2013 - 10:37

најчитано сега