Енрике: Не можам да се менувам на 48 години, ги третирам сите како што заслужуваат
Новиот селектор на шпанскиот национален тим, Луис Енрике изјави дека ја посакувал позицијата и оти почнува со голема мотивација и желба.
Поранешниот тренер на Барселона ја наследува легендата на Реал Мадрид, Фернандо Јеро, кој го замени новиот тренер на „кралскиот“ клуб - Хулен Лопетеги пред стартот на Мундијалот 2018 во Русија.
- Не знам дали станува збор за остварување на сонот, но сакав да бидам селектор. Имав можност да бидам репрезентативец на земјата - страдав и уживав во дресот на Шпанија. Сега сакам да го сторам тоа како тренер. Многу сум задоволен, многу сум мотивиран и почнувам со голема желба, изјави Енрике, кој ќе биде претставен од Шпанската фудбалска федерација следната недела.
Тој додаде дека не планира да го менува својот карактер и дека е задоволен со она што го направил досега во својата кариера.
- Не можам да се сменам. Јас ги третирам сите како што заслужуваат. Имам 48 години и тешко е да се променам. Ако можам да променам нешто, ќе се обидам, но јас сум задоволен од она што сум го направил досега, во текот на целата моја кариера и нема да се менувам. Знам што значи да се биде селектор на Шпанија. Свесен сум дека критиките се нешто што ја придружува мојата работа, додаде тренерот за неговиот однос со медиумите.
11.07.2018 - 20:36
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа