Ако сте уплатиле за одмор во Грција на овој начин може да останете без пари: Неколку туристи во опасност
Српски туристи кои летувале во Грција уплаќајки преку локални грчки сајтови, биле ограбен од хакери и тоа голема сума на пари. Хакерите успеале да упаднат на тие сајтови, да ги хакнат мејловите на сопствениците на хотелите и апартманите, и така да ги намамат гостите да им уплатат илјада евра на нивните сметки.
Несреќните луѓе сфатиле дека се измамени дури кога стигнале до хотелите и апартманите и се увериле дека никаква резервација не е направена на нивно име.
Ј.Д. од Белград се пожалила дека грчки хакер ѝ украл околу 700 евра кога преку еден сајт се обидела да резервира летување на Крф за себе и своето семејство.
-За да заштедиме, одлучивм да на одиме на море преку агенција, туку директно да уплатиме во хотел преку интернет. Контактиравме по пат на меил со хотелот кој го избравме, се договоривме сѐ со сопственикот. Добивме и попуст, единствено бараше цената на аранжаманот, која беше нешто повеќе од 700 евра да ја уплатиме пред тргнување. Тоа и го направивме и беше сѐ во ред додека не стигнавме до Крф, каде ни рекоа дека немаме никаква резервација и дека не сме се допишувале со нив. Како што ни кажаа, станува збор за дело на хакери кои во нивно име со допишувале со нас и тие немаат ништо со тоа. Не ни дадоа друго смествување, а ние немавме пари за повторно да уплатиме и моравме да се вратиме дома - раскажала очајната жена за „Србија данас“.
Оваа приказна за потврдил и Јанис Каридис, сопственик на хотел на Лефкада, кој исто така бил мета на хакери, поради што оштетени се околу 40 туристи.
-Мојот хотел беше мета на криминалци кои ни го хакнаа меилот и правеа договори во наше име. Поради тоа ми дојдоа 40 луѓе кои ми тврдеа дека уплатиле пансион во нашиот хотел, а ние ги немавме на список. Од тој број сигурно 15 беа од Србија. Сфативме дека е хакерски напад и искрено ни е жал за тие луѓе. Тие измамници барале да се уплати целиот износ на аранжамнот однапред и така буквално краделе од 700 до 1.500 евра, во зависност од бројот на денови. Не некои успеавме да им помогнеме околу сместување, но на повеќето не можевме, бидејќи беа главно со деца. Биле доста лековерни, бидејќи тие луѓе на кои уплаќале пари немале ниту грчки сметки во банка ниту грчи имиња. Во секој случај, поставивме на наѓшиот сајт на хотелот во иднина да бидат внимателни - кажал Каридис.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа