Англичаните бараат 16 јули да биде неработен ден- петицјата веќе започна
Пласманот на Англија во полуфиналето на Светското фудбалско првенство во Русија предизвикува еуфорија на Островот.
Многумина се оптимисти дека англиската репрезентација ќе стигне до трофејот. Веќе е почната петиција понеделник (16 јули) да биде прогласен за неработен ден затоа што „фудбалот ќе се врати дома“. Петицијата досега ја потпишале повеќе од 60.000 луѓе, а се очекуваа таа бројка значително да порасне при евентуален пласман на „Гордиот Албион“ во финалето.
За да се оствари тоа, најпрво Англија утре ќе треба да биде подобра од Хрватска во полуфиналната пресметка во Москва.
Во првото полуфинале вечер (20 часот) играат Франциај и Белгија.
Финалето ќе се одигра на 15 јули со почеток во 17 часот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа