Хрватска во шок: ФИФА подготвува драконска казна за Вида по неговиот политички скандал
Откако синоќа Домагој Вида упати политичка порака со изјава по натпреварот против Русија во четвртфиналето на Мундијалот, се поставува прашањето дали дефанзивецот на Хрватска ќе биде казнет за претстојниот судир со Англија.
Русокосиот фудбалер предизвика гнев кај домашните организатори, откако го посвети успехот на Украина, која го загуби Крим и води воени дејствија во реонот на Донбас.
„Слава на Украина“, викна Вида во видео кое беше поставено на социјалните мрежи.
Претходно на Светското првенство веќе имаше сличен случај, откако со гестови, швајцарските репрезентативци Џердан Шаќири и Гранит Џака направи двоглав орел, кој е на грбот на Албанија, а тоа беше насочено против Србите.
Сепак, ФИФА не им ги запре натпреварувачките правата, туку само ги казни парично. Ова може да биде знак дека Вида нема да биде казнет да настапи во полуфиналето во среда.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа