Видео: Хрватската претседателка грубо го прекрши протоколот - никој не го направил ова освен неа
Репрезентацијата на Хрватска ја совлада Русија по пеналите и се пласираше во полуфиналето на Светското првенство.
Додека на теренот атмосферата беше повеќе од вжештена, на трибините на стадионот во Сочи Хрватите ја добија целата поддршка од претседателката Колинда Грабар Китаровиќ.
Но никој не ни очекуваше Колинда да стане интернет сензација низ целиот свет, откако ја понесоа емоции за време на продолжението, па по голот за водство од 2:1 за Хрватска скокна од столчето како обичен навивач што не е вообичаено за некој дипломат.
Колинда откако скокна започна да мавта со рацете накај првиот човек на ФИФА и премиерот на Русија Димитриј Медведев.
Медведев секако не беше воодушевен од нејзината реакција, а истата погледнете ја во продолжение.
Russian PM Dmitry Medvedev (right) is not amused by the celebration by Croatian president Kolinda Grabar-Kitarović (left in red & white) #RUS #CRO #WorldCup pic.twitter.com/gn0K1FX6Sd
— Marcus Gilmer (@marcusgilmer) July 7, 2018
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа