Субашиќ предупреден од ФИФА
Хрватот Субашиќ, беше херој на својата репрезентација во пенал-рулетот против Данска во осминафиналето, а по натпреварот победата и пласманот во следната рунда му ги посвети на својот починат другар.
Во негова чест тој носеше и маица со неговиот лик под дресот, а ФИФА го предупреди дека на следниот натпревар не смее да носи никакви пораки со таква содржина на следниот натпревар.
Маицата на Субашиќ беше со ликот на Хрвоје Чустиќ, кој почина во 2008 година откако за време на натпревар заработи тешка повреда на главата, откако се удри во бетон од оградата, која го одделува теренот со трибините на стадионот на Задар.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа