СП 2018: Познати двојките и термините за четвртфиналето

 

 На Светското фудбалско првенство во Русија формирани се четвртфиналните двојки, откако синоќа беше комплетирана осминафиналната фаза.

Денеска и утре осумте репрезентации кои останаа на Мундијалот имаат пауза, а потоа, на 6 и 7 јули на програмата се следниве натпревари:

6 јули: Франција – Уругвај (16 часот ) и Бразил - Белгија (20);

7 јули: Шведска – Англија (16) и Русија – Хрватска (20).

По овие средби следува три дена пауза, по што на 10 и 11 јули ќе се играат полуфиналињата.

Мундијалот завршува со финалето закажано за 15 јули. 

 

 

 

04.07.2018 - 08:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега