„Магионичарот“ кој го запре Роналдо: Чувал овци, спиел на улица и работел како чистач да преживее, а сега е ѕвезда
Животната приказна на голманот на Иран, 25- годишниот Алирезе Бејраванд , ќе ве остави без здив.
Иранскиот голман избегал од куќата како дете и неколку години живеал како бездомник. Кога почнал да се занимава со фудбал спиел пред стадионот на локалниот тим за кој тогаш тренирал. Дури луѓето му давале пари мислејќи дека проси, а еве судбината сакаше десет години подоцна да одбрани пенал на еден од најдобрите играчи на светот.
„Спиев пред вратата на клубот за кој тогаш тренирав и се сеќавам едно утро кога се разбудив најдов пари пред мене кои луѓето ги оставале мислејќи дека просам, но не беше така. Сепак, тоа утре после долго време имав убав доручек и тоа секогаш ќе го паметам. Животот не беше лесен за мене, но никогаш не сакав да се откажам од своите соништа.“ – порача Бејраванд.
Роналдо ја презеде одговорноста да шутира пенал, но мрежата не се затресе.Топката ја сопре голманот Алирези, по што сигурно ќе остане запаметен!
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа