Нов скандал на СП: Технологијата пресуди црвен, а судијата му даде жолт картон на Роналдо (видео)
Португалецот во натпреварот со Иран за малку се извлече за да не добие црвен картон.Иранците во последните минути од мечот имаа шанса да поведат и да ги испратат португалците дома, но сепак не успејаа.
Она што го одбележа овој натпревар беше Ронадо.Најпрвин промаши пенал, а потабеше на работ да добие црвен карон, поради прекршок.
Судијата отиде да ја прегледа снимката а на дното на екранот пишуваше, можен црвен картон.Судијата сепак се врати на терен и покажа жолт.
Веројатно „ВАР“ повторно пресуди во корист на големите, а на штета на малите.
Медиумите ширум светот „горат“ поради оваа ситуација.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа