Пеколна група за македонските ракометари на Светското првенство
Ракометната репрезентација на Македонија денеска ги доби ривалите од групата на Светското првенство што во јануари следната година ќе се оджува во Германија и во Данска. Македонските ракометари ќе играат во групата Б во Минхен, задено со европскиот првак Шпанија, Хрватска, Исланд, Брунеи и Јапонија.
Група А (Берлин - Мерцедес Бенц Арена)
Франција, Русија, Германија, Србија, Бразил, Кореја
Франција, Русија, Германија, Србија, Бразил, Кореја
Група Б (Минхен - Олимпијахале)
Шпанија, Хрватска, Македонија, Исланд, Бахреин, Јапонија
Група Ц (Хернинг - Јуске Банк Боксен Арена)
Данска, Норвешка, Австрија, Тунис, Чиле, Саудиска Арабија
Група Д (Копенхаген - Ројал Арена)
Шведска, Унгарија, Катар, Аргентина, Египет, Ангола
Во следната фаза одат првите 3 од групата и ги пренесуваат осовоените бодови од мечовите со останатите квалификувани репрезентации.
За втората фаза на Македонија ќе и треба најмалку победа против Исланд како и против Бахреин и Јапонија кои важат за послаби репрезентации од нашата.
25.06.2018 - 13:26
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа