Сензација на Светско: Работи во фабрика за сол, а земал годишен одмор за да игра против Аргентина
Репрезентацијата на Исланд ја направи првата сензација на Светското првенство (СП), откако одигра 1-1 со Аргентина.
Меѓутоа, нивното сензационално освојување на бод против Аргентинците е уште поважно доколку знаеме дека некои од играчите на Исланд се полу-аматерски спортисти, кои работат и на други места, а играат фудбал само во „слободно време“.
Биркир Мар Севарсон одигра 80 минути за Исланд, како и секоја минута во квалификациите на Мундијалот, а инаку работи во фабрика за сол.
-Тоа е нормална работа на Исланд. Понормално е да се работи во фабрика за сол, отколку да се оди на Светско првенство. Ќе изработам смена и потоа одам на тренинг, вели играчот на Исланд.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа