Објавен официјалниот спот за Светското првенство: Во него преставени сите земји, учествува и Роналдињо
На неколку дена пред стартот на Светското првенство во Русија излезе и спотот за химната на натпреварувањето.
Аудио верзијата на која е во изведба на колумбискиот музичар Ники Џем, Албанката Ера Истрефи и американскиот актер Вил Смит, излезена е од поодамна.
Спотот за песната кој е направен за цел има да се претстави секоја земја учесничка, преку нивните знамиња кои виорат низ целиот спот на разни начини.
Исто така, во спотот се појавува и легендарниот Роналдињо.
На крајот направена е и петминутна снимка која покажува како изгледало снимањето на сетот.
12.06.2018 - 14:24
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа