Роналдо ќе плати 20 милиони евра за да избегне затво
Напаѓачот на Реал Мадрид, Кристијано Роналдо е блиску до склучување договор со даночните власти во Шпанија за плаќање на одредена сума по што би избегнал казна која може да биде и затворска.
Според тамошните медиуми Португалцот ќе плати од 18 до 20 милиони евра во корист на даночните службеници за затворање на случајот против него.
Претходно, даночната служба побара ѕвездата на Реал да плати 28 милиони евра за четирикратно прекршување на законот.
Според изворот, договорот подразбира взаемни отстапки од страна на играчот и даночните власти. Се очекува спогодбата да биде потпишана пред Светското првенство кое почнува на 14 јуни.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа