Повеќе од 300 илјади луѓе ја поддржаа петицијата за казнување на Рамос

 

Петицијата со повик за казнување на капитенот на Реал Мадрид, Серхио Рамос, кој во финалето на Лигата на шампионите го повреди Мохамед Салах, досега на интернет ја поддржаа повеќе од 300.000 лица.

Рамос во саботата при еден воздушен дуел со напаѓачот на Ливерпул падна врз него и му го повреди рамото, по што Салах мораше да го напушти мечот.

Поради повредата репрезентативецот на Египет се соочува со пропуштање на Светското првенство во Русија.

Во таборот на „Фараоните“ се убедени дека Салах ќе закрепне и ќе биде подготвен за првиот нивни дуел на 15 јуни против Уругвај.

 

 

 

28.05.2018 - 11:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега