„Биди силен шефе" - Роналдо и Бекам скршени со молитва за Сер Алекс
Многу луѓе и клубови му посакаа на големиот Шкот брзо оздравување и изразија сочувство. Желбите за подобро здравје на легендарниот тренер ги предводат поранешните играчи кои тој ги створи, планетарно популарните ѕвезди Кристијано Роналдо и Дејвид Бекам.
Фудбалскиот свет вчера вечер го шокираше веста дека легендарниот менаџер на Манчестер Јунајтед, 76 годишниот Сер Алекс Фергусон доживеал мозочен удар, дека итно во сериозна состојба е пренесен во болница и опериран. Фергусон е во стабилна станица, но потребни му се мир и интензивна нега за оздравувањето да биде што побрзо.
-Моите мисли и молитви се со тебе, пријателе драг. Биди силен шефе, напиша Роналдо на Твитер, додека пак Бекам напиша:
-Продолжи да се бориш шефе. И праќам молитви и љубов на Кејти и целото семејство.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа