Оливер Кан „удри“ по Буфон: Требаше порано да се пензионираш

 

Џанлуиџи Буфон жестоко го нападна Мајкл Оливер по контраверзната одлука да досуди пенал во 93. минута од средбата помеѓу Реал Мадрид и Јувентус.

По елиминацијата на „старата дама“, легендарниот Оливер Кан го критикуваше својот колега.

-Не е лесно да се сфати кога е време за пензија. Да се пензионираше порано, ќе избегнеше разочарувања како на натпреварите против Шведска или Реал Мадрид. Неговиот сон беше да ја освои Лигата на шампиони, но не му се оствари, кажа Кан.

Германецот вели дека можел да остане уште неколку години во фудбалот, но немало причина за такво нешто.

-Јас можев да играм уште неколку години, но зошто? Лам исто така беше одличен. Мора да знаете кога е време за пензија. Тој е светски шампион, беше најдобар во светот. Тоа е најважно. Црвениот картон кој го доби не е воопшто важен, објаснува Германецот.

 

 

 

13.04.2018 - 19:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа