Reflexión del penalty. Visto la de insultos y violencia verbal, por un simple juego, que hay por estos lares, tanto de los que dicen que si fue, como los que dicen que no. Si en este país se pudiera llevar armas como en EEUU miedo mucho miedo
ФОТО: Легендарниот шпански судија кој утрово процени дека нема пенал за Реал, вечерва се покаја за својата одлука
Едуардо Итуралде, експертски судија кој сега работи во шпанскиот весник Ас, кој утрово изјави дека Реал Мадрид не го заслужи пеналот после кој го елиминираше Јувентус во четвртфиналето од Лигата на шампионите, вечерва се покаја за таквата изјава.
Реал во Торино славеше со 3:0, а на домашен терен 3:0 губеше, пред Роналдо да го постигне одлучувачкиот гол, од контроверзниот за поголемиот дел од фудбалскиот свет непостоечки пенал.
Имено судијата утрово изјави дека контактот од зад грб не беше доволен, судијата (Мајкл Оливер) не требаше да свири пенал, смета 51 годишниот Итуралде, Баскиецот кој во кариерата три пати го судел дербито меѓу Реал и Барселона, како и бројни натпревари во Лигата на шампионите, а се повлече во 2012 година.
А по оваа изјава следуваа и две негови изјави кој го насмеа светот.
– Одраз од коментарот за пеналот. Гледајќи ги навредите на лична основа за една обична фудбалска акција, ако во оваа земја можеше да се носи оружје како во Америка ќе постоеше многу страв, – гласи првата објава на Итуралде, која беше обновена со нова пред неколку часа.
– Барам помош!!! Веќе сум сам. После 27 лични навреди и пет закани за смрт, морам да го променам моето мислење за пеналот кое го кажав вчера, – иронично порача Гонзалес кој со години важеше за најдобар шпански арбитар.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа