Роналдо за пеналот: Зошто ли само протестираа играчите на Јувентус?
Најдобриот играч на Реал Мадрид, Кристијано Роналдо по спорниот досуден пенач во последните секунди вели дека не може да ја разбере реакцијата на фудбалерите на Јувентус и протестите на адреса на судијата Мајкл Оливер.
Роналдо вели дека пеналот бил чист.
-Пеналот беше чист. Не разбирам зошто протестираа, стартуваше врз Лукас од зад грб, доколку немаше пенал, Вазкез ќе постигнеше гол. Моментите пред да го изведам пеналот беа како цела вечност. Срцето ми чукаше се побрзо, но останав смирен. Му благодарам на Бог што погодив и се пласиравме во полуфинале, изјави Роналдо.
За разлика од него, Џанлујџи Буфон смета дека судијата погрешил.
-Ова не беше ни една десетина од пенал. Знам дека судијата виде што виде, но се работеше за спорен момент. Па кога моментот е спорен, и не се работи за чиста ситуација, не можеш да свирнеш пенал во 93. минута. Имавме неверојатен камбек, и не ми е јасно како еден човек можеше да ни го уништи сонот на ваков начин, со сомнителна ситуација. За да досудите ваков пенал мора да имате канта за ѓубре во градите а не срце. Ако немате карактер да излезете на ваков терен, на ваков стадион, тогаш одете на трибина со сопругата, со децета, пијте сокче и грицкајте чипс. Не можете да го унишите сонот на цел еден тим. Во тој момент можев да му кажам било што на судијата, но најважно е тој да го разбере степенот на катастрофата која ја направи, вели Буфон.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа