Вајда го разбуди „ѕверот“ во Ноле: Падна првата „жртва“ (фото)

 

Српскиот тренисер Новак Ѓоковиќ деновиве, во шпанска Марбеља, работи напорно со поранешниот тренер Марјан Вајда со цел да се врати во врвот од светската АТП-листа и тоа со исклучителна мотивираност што најдобро може да се види по „жртвите“ на теренот.

Популарниот Ноле објави фотографија од скршениот рекет, кој настрадал по неговиот излив на бес откако не успеал да го направи тоа што наумил и напиша „Тежок ден на работа“

Според Вајда, основна цел на Србинот сега е да го разбуди ѕверот во себе, нешто што дефинитивно е на добар пат да го направи.

 

 

 

 

 

 

10.04.2018 - 11:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега